| четврток, 6 декември 2018 |

Болниците на кои веќе се работи ќе добијат медицинска опрема од неколку милиони евра

dsc_5270-520x316

Болниците чија реконструкција е веќе почната и кои ги посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на последната прес- конференција за здравство ќе добијат и нова медицинска опрема.

– Ќе изградиме и нов современ Ургентен хируршки центар за потребите на Општата болница во Куманово, со што ќе се обединат интернистичките и хируршките ургентни амбуланти, а во објектот се планира да биде поставен и апаратот за компјутерска томографија, што значи дека пациентите на исто место ќе ја добиваат потребната дијагностика и комплетен третман. Оваа инвестиција е проценета на 48 милиони денари, рече Груевски.

Инаку општата Болница во Куманово како дел од проектот за набавка на 3 700 апарати ќе се набави:

01

02

– Дополнително, продолжуваме да работиме на еден од најголемите проекти во историјата на македонскиот здравствен систем е изградбата на Клиничката болница во Штип. На овој комплексен проект од витално значење за жителите на Источна и Југоисточна Македонија, посветено работевме во изминатите две години, за што говори и фактот дека само проектната документација опфаќа околу 30.000 страници. Капацитетот на новата Клиничка болница ќе изнесува 354 болнички кревети, од кои 300 болнички кревети ќе бидат сместени во новиот болнички објект. Бенефит ќе имаат над 200.000 жители од источниот регион на Македонија кои гравитираат кон болницата. Вкупната инвестиција за овој проект е приближно 56 милиони евра во бруто износ каде што спаѓаат и средствата за градежни работи (37 милиони евра), како и средствата за нова опрема, проектирање и други инфраструктурни зафати, рече Груевски.

Инаку за Клиничката болница во Штип како дел од проектот за набавка на 3 700 апарати ќе се набави:

03

04

05

– Исто така, започнавме со реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со што е опфатено и преселувањето на Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Инвестицијата е во вредност од 215 милиони денари. Рокот предвиден за реализација е јули наредната година, рече Груевски.

06

07

– Во тек се и градежните работи за дооформување и адаптација на постојниот болнички објект на Општа болница Струмица. Од оваа инвестиција бенефит ќе имаат над 230 илјади жители од регионот на Радовиш, Валандово, Дојран, Богданци, Пехчево и Берово. Инвестицијата е во вредност од 257 милиони денари. Овој објект е изграден до фаза карабина во далечната 1985 година. Според потребите во објектот предвидено е да се сместат следните содржини: Ургентен центар, приемен дел за стационирани пациенти, стационари за различни медицински специјалности, како и оперативниот блок – составен од 3 операциони сали за општа и дигестивна хирургија, за трауматолошко-ортопедски интервенции и други чисти оперативни зафати, урологија и пластична хирургија, офталмологија и ОРЛ, како и интензивна нега, централна стерилизација, и лабораторија за патологија.Рокот за реализација е октомври 2017 година, рече Груевски.

strumica

strumica-2

strumica-3

– Сакам и да истакнам дека веќе во завршна фаза (завршени се 80 отсто од работите) е реновирањето и адаптацијата на објектот на Општата болница во Прилеп, во вредност од 70 милиони денари. Ова е прва комплетна реконструкција на болницата од 1980 година, од која бенефит ќе имаат околу 120.000 жители. Започнавме со градежни работи за реконструкција на Општата болница во Велес, со што ќе овозможиме унапредување на квалитетот на здравствените услуги во оваа јавна здравствена установа. Ќе се изврши комплетна замена на фасадата со енергетски ефикасна фасада, реконструкција на покривот на објектот, реконструкција на болнички одделенија, како и изградба на нов оддел за интензивна нега во одделението за интерна медицина, со цел дополнително подигнување на стандардите во оваа област. Инвестицијата е во вредност од 21 милион денари. Реконструкцијата ќе заврши наредната година, рече Груевски.

11

12

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top