Според едно најново истражување, изненадувачки голем број болнички работници се доведуваат себе си и пациентите во опасност од инфекции едноставно, заради тоа што заштитните ракавици и маски не ги ставаат и не ги вадат правилно.
Истражувачите побарале од голем број медицински персонал во Кливленд, вклучувајќи многу доктори и медицински сестри да го допрат флуоросцентниот лосион, а потоа да ги извадат ракавиците онака како што секогаш ги вадат.
Тие открија дека лосионот кој ги симулира бактериите завршил на кожата или облеката на здравствените работници во дури 46 отсто од случаите.
Главниот научник, доктор Куртис Донски, изјави дека здравствените работници биле шокирани кога дознале колу често можат да се заразат себе си и другите пациенти.
Истражувачите изјавија дека за да се намали ризикот, здравствените работници мора да имаат подобра обука за отстранување на заштитната опрема и дека самата опрема треба да биде редизајнирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.