Според истражувањето објавено во магазинот „Неуролоџи“, најстресна работа имаат келнерите. За разлика од нив, најмалку стрес на работа имаат научниците и архитектите, како и тие што вршат пасивни работи како домар, рудар, физички работник.
Ако на прашањето која професија е најстресна, многумина би одговориле неврохирург, лекар, деминер или рудар, новата студија покажува дека неблагодарните професии како што е келнер, се најстресни и најмногу им штетат на здравјето.
Студијата покажува дека лицата што работат стресни професии помалку се грижат за себе и често се свртуваат кон пороците.
Научниците велат дека стресот најмногу зависи од чувството на контрола и за почит. Иако докторите, наставниците и сличните професии имаат ментално потешки професии, главно се чувстуваат почитувано и затоа не се под стрес. Спротивно на тоа, професиите во услужните дејности, главно, не се ценат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роденденот може да е пресуден за вашата идна професија: Дали сте родени да бидете директори?
-
Името ви ја одредува судбината: Дени-стоматолог, Лора-правник…
-
Каде во Македонија има плата од 60.000 денари: Ова се професиите со највисоки нето плати…
-
Турција: Уапсен келнер, рекол дека не би го послужи Ердоган со чај