Верувале или не, постојат месеци во годината кои можат да ви кажат дали сте родени да бидете директори или не. Со години наназад се дискутира и се истражува на темата: колку месецот на раѓање влијае на идната професија, кои месеци влијаат позитивно, а кои негативно на личноста.
Истражувачите откриле дека децата родени во јуни или јули, имаат помалку шанси да станат директори, за разлика од оние родени во март или април.
Родендените можат да ја „одлучат“ вашата идна професија односно искачувањето на скалата на успехот во компанијата каде што работите.
Откриено е дека бебињата родени во март или април е многу веројатно дека во текот на кариерата ќе станат директори за разлика од летните деца. Месецот во кој сте родени очигледно има долготрajно влијание на успехот на кариерата.

Во истражувањето објавено во Economics Letters, биле собрани информации околу родендените на 375 луѓе кои биле на директорска позиција во периодот помеѓу 1992 и 2009 година. Само 6,1% биле родени во јуни и 5,9 % во јули, споредено со 12,5% родени во март и 10,7% во април.
Како е можно ова?
Студијата покажува дека летните бебиња разбирливо се најмладите во класот, додека пролетните се најстарите. Заради фактот што постарите деца, најчесто се интелектуално поразвиени заради возраста, мартовските и априлските деца имаат тенденција да бидат најдобри во класот. Учат да бидат компетитивни во текот на животот, карактеристика која ја носат и во бизнис светот.
Но, родендените не се единствениот предуслов за успех во животот, секако. Inc.com објави податоци од истражување направено во 2012 година. Листата брои 500 луѓе, бројките велат дека 90% од директорите се мажи, а 49% од нив имале барем еден родител кој бил на истата позиција пред нив.
Факт кој го отежнува искачувањето на професионалната скала на успехот на оние кои немаат ниту еден родител на оваа позиција или не се мажи. Сепак, тешкото не значи и невозможно, нели?
извор: hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.