| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе падне првиот снег според УХМР?

Од денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и топла и влажна воздушна маса. Ќе почне да дува повремено засилен јужен ветер и во западните делови ќе има повремен дожд, а можни се и ретки грмежи.

Утре и в среда ќе преовладува облачно време со врнежи, локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Се очекува да наврне поголема количина воден талог, на места повеќе од 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

До средината на неделата ќе биде релативно топло, а потоа ќе почне да дува северен ветер, кој ќе предизвика позначително опаѓање на температурата и услови за снег на планините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top