Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска лишиле од слобода едно лице, кое, наводно, се доведува во врска со оружјето пронајдено во Јајнци, недалеку од куќата на премиерот на Србија, Александар Вучиќ.
Од Министерството за внатрешни работи на РС за порталот „Кликс“ изјавиле дека припадниците на МУП лишиле од слобода лице барано по потерница на МУП Србија, а поради кривично дело недозволено производство или промет со оружје и со експолозивни материјали.
Лицето е уапсено на подрачјето на Бања Лука и е предадено на судот на БиХ поради одредување екстрадиција.
Инаку, во близина на шумата до семејната куќа на Вучиќс се пронајдени „зоља“, четири рачни бомби и 100 парчиња муниција со калибар 7,62 милиметри. Најдена е и муниција за автоматско вооружување и снајпер, како и меѓу 10 и 15 куршуми со непознат калибар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста