| четврток, 6 декември 2018 |

Му дојде крајот на атентаторот на Вучиќ – уапсен поради подготовка за напад во Јајнци?

vuciic

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска лишиле од слобода едно лице, кое, наводно, се доведува во врска со оружјето пронајдено во Јајнци, недалеку од куќата на премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Од Министерството за внатрешни работи на РС за порталот „Кликс“ изјавиле дека припадниците на МУП лишиле од слобода лице барано по потерница на МУП Србија, а поради кривично дело недозволено производство или промет со оружје и со експолозивни материјали.

Лицето е уапсено на подрачјето на Бања Лука и е предадено на судот на БиХ поради одредување екстрадиција.

Инаку, во близина на шумата до семејната куќа на Вучиќс се пронајдени „зоља“, четири рачни бомби и 100 парчиња муниција  со калибар 7,62 милиметри. Најдена е и муниција за автоматско вооружување и снајпер, како и меѓу 10 и 15 куршуми со непознат калибар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top