Незадоволство, револт и разочараност на секој чекор. Не само што го исмеаја новинарите блиски на неговата партија, неговите гласни поддржувачи, не само што го разочара членството, особено довчерашните пратеници Софија Куновска и Горан Сугарески, кој беше и координатор на пратеничката група во Собранието, Заев ги разочара и гласачите, симпатизерите на СДСМ.
Бркајќи ги албанските гласови, удоволувајќи им на платеничките револуционери, затскривајќи се зад граѓанскиот сектор, зад различните, зелените, Заев и СДСМ останаа без гласачко тело. Вистинска мистерија е за каде ги подготвуваше „победничките листи“ и како планира да победи со нив.
По револтот на граѓаните може да се заклучи дека од денеска до 11 декември може само да мавта со „победничките листи“, но не и да победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.