| четврток, 6 декември 2018 |

Заслуживме пораз: Ако тие можеа да нè совладаат со 7 гола, и ние можеме да вратиме со иста мера во Скопје

lino-cervar

Малку позитивни работи може да се извлечат од поразот на нашата селекција во Плзен од домашната Чешка со 35-28. Селекторот Червар по 60-те минути во салата на Локомотива призна дека можеше да се загуби и поубедливо.

– Мислам дека заслужено загубивме со -7, дури и мислам дека можевме лесно да загубиме и повеќе. Сепак ако тие можеа да нè совладаат и ние можеме со иста мера во Скопје. Но, тој меч е уште далечен и не треба да размислуваме за него. Мислам дека потфрливме, имавме лош влез и потоа ни беше тешко да се вратиме. Можеби Талески влезе со малку страв во натпреварот, но тоа е цената која ја плаќаат младите ракометари. Но, мора да признаеме дека Чесите денес беа подобри и одиграа на ниво. Ние треба да се задоволиме со неколку блесоци на младите ракометари и потоа да работиме за во иднина. Го немаме повеќе Миркуловски, кој игра поинаков стил на ракомет и игра на глава што би се рекло. Имам макотрпна работа пред себе, а воочи Мундијалот можно е да извршам уште некои промени во ростерот – заклучи селекторот.

Со овој натпревар завршија нашите официјални мечеви за 2016 година и следуваат подготовките за Светското првенство во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top