Вториот квалификациски натпревар на македонската ракометна репрезентација треба што побргу да се заборави и да се размисува за следните натпревари од квалификациите за Европското првенство, бидејќи доживеа огромен пораз од Чешка на гостински терен од 35-28. Сеуште е се на почеток и со сериозен пристап пред се од стручниот штаб, може многу работи да се поправат пред се во одбраната бидејќи нашата репрезентација прими дури 35 гола.
Чесите се чини натпреварот го добија во првите дваесет минути иако одиграа фантастично во целиот натпревар и во ниту еден момент не дозволија македонските ракометари да им се доближат на помалку од три голови разлика. Тие целосно ја искористија едноличноста во нашата игра одлично ја прочитаа целата наша одбрата и со лесно комбинирање го наоѓаа патот до денеска индиспонираните голмани Ристовски и Даскаловски кои мечот го завршија со само шест одбрани. Со одлична игра во дефанзива со која првите 20 минути не дозволија гол од позиционен напад, Чесите уште рано во мечот направија разлика со која останатото време беше само „бркање“ на резултатот во кое македонскиот селектор се обидуваше да најде решение, но секогаш кога ќе македонските ракометари ќе влезеа во мини-серија, Чесите повторно наоѓаа одговор, одржувајќи ја предноста се до конечните седум гола разлика.
Дејан Манасков и Кире Лазаров со по осум гола беа најефикасни во нашите редови, а Марко Нелоски постигна четири погодоци. Кај домаќините најефикасен беше Хрстка со десет погодоци.
Червар и неговите избраници сега ги очекува настапот на СП во Франција во јануари следната година, а овој квалификациски циклус ќе продолжи на 3 мај 2017 година со домашниот натпревар против Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.