| четврток, 6 декември 2018 |

89 отсто од Македонците би гласале за Трамп

Интернет страницата „Вордвајд воут“ овозможува гласање за кандидатите за претседател на САД. републиканецот Доналд Трамп или демократот Хилари Клинтон. Програмата ја препознава ИП адресата на секој гласач и го распоредува во земјата од која гласал.

Дури 89 проценти од Македонците го гласале за Трамп, што воедно претставува и еден од најголемите проценти за подршка на Трамп во некоја земја..

Од земјите во регионот, во Хрватска Трамп освоил 79 отсто од гласовите, во Црна Гора 83 проценти, а во Србија дури 93 проценти од гласовите.

Најмал број поддржувачи во регионот, Трамп има во Босна и Херцеговина, но сепак и во оваа држава процентот е висок, со 74 отсто доверба.

Според податоците на „Вордвајд воут“, Хилари ја добива победата во значително помал број на земји отколку Трамп.

Таа во Европа ја има поддршката во Шведска, Норвешка, Италија, Данска, Исланд и Литванија. Освен поддршката во мексико, Клинтон води и во Кина.

Гледајќи на целата светска популација, Трамп води со 56 проценти наспроти 44 отсто на Хилари.

Американските избори ќе се одржат за шест дена, и тогаш ќе бидат познати гласовите кои навистина значат, оние на државјаните на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top