Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека имал ангажирано духовен водич, велејќи дека Хозе Пепе Имаз е само негов тренер.
-Не знам од каде им се тие сознанија на медиумите. Имаз веќе неколку години е дел од мојот тим, и подолг период е тренер на мојот брат Марко. Цел живот му го посвети на тенисот и радосен сум што дојде во Париз заедно да работиме. Не сакам да влегувам до детали, но за мене оваа приказна е многу смешна. Тој е тука како дел од мојот тренерски тим бидејќи сака да ми помогне да го одбранам првото место на АТП“, вели Ноле.
Србинот синоќа го одигра првиот меч на АТП 1.000 Мастерсот во Париз, победувајќи го Милер со 2-0, а денес силите ќе ги одмери со бугарскиот тенисер, Григор Димитров.
извор: гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.