| четврток, 6 декември 2018 |

Џан­дар ка­ро од ра­ка­вот на Ве­ру­шев­ски

Ро­ден на: 4 март 1953 го­ди­на, со по­тек­ло од Вев­ча­ни

Хо­ро­скоп: Ве­шта ри­ба во мат­ни во­ди

Про­фе­си­ја: Чеп­ни ов­де, чеп­ни он­де

 

Пре­диз­бор­но­то лу­ди­ло во СДСМ ќе кул­ми­ни­ра во се­на­род­на ши­зо­фре­ни­ја ко­га во „Топ те­ма“ Чо­мов­ски ќе го вик­не Бран­ко Цр­вен­ков­ски за да ка­же: „На Зај­ко тол­ку му се­че, ама Ве­ру­шев­ски е про­фи“. Уште тоа оста­на, а и са­мо тол­ку му тре­ба на СДСМ за по­раз во очај­на игра. До­бро е, тес­но е, две­сте ил­ја­ди се.

Та­ка бе­ше пред две го­ди­ни – за За­ев да за­гу­би до­сто­инс­тве­но со ми­ни­мал­на раз­ли­ка од две­сте ил­ја­ди, по­тре­бен му е Бран­ко. А, до­де­ка да дој­де вре­ме за џо­ке­рот, тој и Ве­ру­шев­ски ќе ги ва­дат сли­ки­те. И не са­мо на те­ле­ви­зи­ја, ту­ку кој за ка­де има дар­ба – ед­ни за по­дру­ми, дру­ги за дру­мо­ви, тре­ти за ка­ме­ри.

На ми­на­та­та не­де­ла по­се­бен пе­чат ѝ оста­ви еден од тре­ти­ве. Со би­о­гра­фи­ја мрач­на ка­ко таа на ѓа­во­лот, дла­бо­ко од тем­ни­на­та исп­ли­ва не­ко­гаш­ни­от раз­уз­на­вач Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски. Со бла­же­на по­лу­нас­ме­вка „ни­што не ми мо­же­те“, со ед­вај­чу­ен глас ка­ко на стра­дал­ник, и со пре­ци­зен рас­ка­жу­вач­ки тон изг­на­си ко­го стиг­на – и жи­ви и мр­тви.

Но, ка­ков авто­ри­тет е Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски за тоа да го пра­ви?

Ра­зуз­на­вач. Сен­ка. Уво во се­кое уво, око во нив­ни­те очи, ра­ка во на­ши­те џе­бо­ви. Мал­ку по­ли­ца­ец, мал­ку биз­нис­мен.

Во не­го­ви­те пос­лед­ни пет ми­ну­ти сла­ва из­на­ка­жа што из­на­ка­жа, а сѐ се све­де на пла­нот што тре­ба­ше да го спро­ве­ду­ва Ка­ти­ца. Но, изг­ле­да тол­ку се во тес­но што СЈО не е до­вол­но. За­тоа, ју­риш кон дно­то и ко­пај по мрач­ни­те ли­ко­ви од тран­зи­ци­ја­та. А Бо­го­ев­ски не­сом­не­но е тоа.

Во жи­во­тот ка­ко по­ли­ца­ец Бо­го­ев­ски ни­ко­гаш не дал на­ред­ба за сле­де­ње ли­ца кои се бо­ре­ле за ма­ке­дон­ска­та ка­у­за. Ди­мов­ски си за­мис­лу­ва де­ка бил сле­ден, Јор­дан Ми­јал­ков бил уд­баш и сле­дел вмров­ци, а Ја­ков­лев­ски, иа­ко е искомп­ле­кси­ран, са­ми­от не­ка сфа­ти кој го то­ва­ри за те­ро­ри­зам.

Час по­доц­на исти­от тој Ди­мов­ски што си за­мис­лу­ва де­ка бил фа­ктор, па уште и сле­ден, ќе об­ја­ви до­ку­мент мно­гу по­ве­ќе ства­рен откол­ку за­мис­лен.

Ако ба­ба ла­же, трап не ла­же! Еве дел од до­ку­мен­та­ци­ја на ДБК – Ве­лес од 05.06.1997 го­ди­на (ко­га сум имал 16 го­ди­ни) од кои јас­но се гле­да де­ка мо­е­то твр­де­ње де­ка сум сле­ден е точ­но. Во еден дел во до­ку­мен­тот ка­де што стои и мо­е­то име пи­шу­ва: Оваа гру­па бе­ше пред­во­де­на од нај­ек­стрем­ни­те при­пад­ни­ци на ова пар­ти­ја, ОП­ФА­ТЕ­НИ И СО МЕР­КИ И АКТИВ­НО­СТИ НА ДБК по оваа ли­ни­ја на ра­бо­та, ме­ѓу кои беа…. Ди­мов­ски Или­ја и дру­ги ли­ца“.

Ова е до­ку­мен­та­ци­ја од „Си­на пти­ца“ ко­га Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски се оби­ду­ва­ше да ја по­де­ли ВМРОДПМНЕ со под­мет­на­ти на­вод­ни цр­ни трој­ки кои тре­ба­ле да вр­шат ли­кви­да­ции и на­во­ден внес на оруж­је од странс­тво. Ова е до­ку­мент за прис­лу­шу­ва­ње на Ма­не Ја­ков­лев­ски. Вни­ма­вај­те што е ста­ве­но на ли­ни­ја: „те­ро­ри­зам“, кла­си­чен обид за рас­ту­ра­ње на по­ли­тич­ки­от опо­нент, на­пи­ша исто­ри­ча­рот Ни­ко­ла Ср­бов и, се­ка­ко, по­ка­жа до­ку­мент.

Во па­ра­лел­ни­от жи­вот, жи­во­тот на биз­нис­мен, Бо­го­ев­ски ни­ко­гаш не учес­тву­вал во те­жок кри­ми­нал. Ни­ко­гаш не по­твр­дил де­ка бил вклу­чен ка­ко по­сред­ник во ко­рум­пи­ра­ње­то и не ги обез­бе­дил клуч­ни­те до­ку­мен­ти и еле­ктрон­ски по­ра­ки.

Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски, по­ра­не­шен се­кре­тар на по­ра­неш­на­та Служ­ба за др­жав­на без­бед­ност (се­га УБК), бил уап­сен утри­на­ва по­ра­ди мал­вер­за­ци­ја со про­даж­ба на зем­ји­ште кај спорт­ска­та са­ла „Бо­рис Трај­ков­ски“ во Скоп­је, ка­де што бе­ше пла­ни­ра­но да се из­гра­ди тр­гов­ски цен­тар на поз­на­та сло­ве­неч­ка ком­па­ни­ја. Кри­вич­ни­те де­ла за кои се то­ва­ри Бо­го­ев­ски се пер­е­ње па­ри, фал­си­фи­ку­ва­ње ис­пра­ви и ко­ри­сте­ње ис­пра­ви со лаж­ни со­др­жи­ни“,за­пи­ша­но е во бил­те­нот на МВР во април 2013 го­ди­на.

За 132.000 евра се ра­бо­ти.

Во све­дош­тво­то да­де­но под зак­ле­тва и под це­лос­на кри­вич­на од­го­вор­ност, Бо­го­ев­ски све­до­чел де­ка тој ги до­го­во­рил пр­ви­те кон­та­кти око­лу „здел­ка­та“, а ини­ци­ја­тор бил не­го­ви­от при­ја­тел, грч­ки­от маг­нат Ди­ми­трис Кон­до­ми­нас, при што во те­кот на 2005 и 2006 го­ди­на би­ло до­го­во­ре­но ми­то за ви­со­ки ма­ке­дон­ски функ­ци­о­не­ри за да ја за­шти­тат при­ви­ле­ги­ра­на­та по­зи­ци­ја на „Ма­ѓар те­ле­ком“. Глав­на­та цел би­ла, спо­ред све­до­че­ње­то, да се спре­чат ефе­кти­те од но­ви­от За­кон за еле­ктрон­ски ко­му­ни­ка­ции со кој тре­ба­ше да се ли­бе­ра­ли­зи­ра па­за­рот и да се олес­ни вле­зот на Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ, стои во офи­ци­јал­ни­от до­ку­мент на ту­жи­те­лот во слу­ча­јот „Ма­ѓар те­ле­ком“, Аме­ри­кан­ска­та ко­ми­си­ја за хар­тии од вред­ност.

Бо­го­ев­ски по­твр­ди де­ка бил вклу­чен ка­ко по­сред­ник во ко­рум­пи­ра­ње­то и при­тоа ги обез­бе­дил клуч­ни­те до­ку­мен­ти и еле­ктрон­ски по­ра­ки, а де­нес из­ле­гу­ва на те­ле­ви­зи­ја да фр­ла кал врз по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти на За­ев.

За биз­нис ли се ра­бо­ти овој пат или за по­ли­ци­ски мај­мун­ла­ци, ми­стер Бо­го­ев­ски?

Текстот е објавен во рубриката Личност на неделата во неделникот „Република“, кој излезе од печат на 4 ноември 2016 година. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top