Обвинувајќи го Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Ердоган нагласи дека на земјата „ќе и суди историјата“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Германија станала „засолниште за терористи“.
Обвинувајќи го Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Ердоган нагласи дека на земјата „ќе и суди историјата“,
Тој истакна и дека Германија долго време крие борци на Курдската работничка партија (ПКК) и на екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.
– Немаме никакво очекување од Германија, но ним ќе им суди историјата за поддржување на тероризмот, нагласи Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.