Македонската фудбалска репрезентација по три одиграни кола во рамки на Г групата од квалификациите за пласман на СП во Русија, 2018 година е без освоен бод. Задачата за такво нешто ќе биде уште потешка во следниот натпревар ако се земе предвид дека за противник во рамки од 4. коло ја имаме Шпанија. При објавувањето на адутите за мечот во Гранада, нашиот селектор Игор Ангеловски го образложи неговиот став за подладувањето на А-репрезентацијата.
– На списокот се најдоа фудбалери кои имаа настапи во изминатиот период за У21 селекција. Овс е она што го најавив од претходно кога поставив три важни цели, а тоа беа да се направи тим кој ќе биде спој од искуство и младост, втората да бидеме конкурентни, а третата е да забележиме подобри резултати во однос на минатиот квалификациски циклус. Првите две цели мислам дека сме на добар пат да ги оствариме, додека третата ќе направиме се што можеме до крајот на квалификациите. Исто така сакам да потенцирам дека повикот на младите фудбалери доаѓа затоа што тие за тоа се изборија со одлични игри и резултати кои ги постигнаа, а не затоа што тоа јас го ветив, односно поради барањето на јавност. Исто така морам да барам решение на голманската позиција, бидејќи голманите кои бранеа во претходните натпревари не ми дадоа ниту мене, ниту на тимот сигурност – изјави селекторот Ангеловски.
Последниот меѓусебен дуел на овие две репрезентации, одигран во Скопје на националната арена „Филип Втори“, минатата година на 8 септември, во рамки од квалификациите за ЕП, 2016 година заврши со минимална победа на Шпанија од 0-1. Дуелот на 12. ноември помеѓу Шпанија и Македонија се игра во Гранада на стадионот „Нуево Лос Карменес“ со почеток од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.