| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судењето за „Диво насеље“

Обвинетите пред судскиот совет рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Обвинителство, пак, тврди дека поседува доволно докази дека двете групи добро се познаваат и дека биле во честа комуникација

 

Во големата сала на Врховниот суд треба да се одржи ново рочиште за предметот „Диво насеље“. Досега се оддржани околу 20-тина, од кои поголемиот дел беа зад затворени врати поради сослушувањата на заштитените сведоци.

Обвинети се 37 лица, откако Кривичниот суд реши кон процесот за 29 лица обвинети за тероризам да ги приклучи и 8-темина кои се товарат за логистичка поддршка на терористичката група.

Обвинетите пред судскиот совет рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Обвинителство, пак, тврди дека поседува доволно докази дека двете групи добро се познаваат и дека биле во честа комуникација.

Во борбите во кумановската населба на 9 и 10 мај загинаа осуммина припадници на специјалните полициски сили, а 37 беа ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top