| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски подобар од Дибала и во чекор со Миколи

ilija-nestorovski

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски бележи одличен старт во Серија А. Во 11 кола нашиот напаѓач има постигнато пет гола, што го прави сличен на Фабрицио Миколи, како и подобар од Пауло Дибала, аргентинската ѕвезда која сега е дел од Јувентус.

Овој факт го открива „Кориере дело спорт“, кој во своето последно издание посвети вест на Македонецот. Во статијата се вели дека Несторовски со петте гола во 11 кола оди по стапките на Фабрицио Миколи, легендарниот италијански напаѓач, кој успеал да дојде до истото достигнување во сезоната 2009/10, но исто така се напоменува дека нашиот „Нестогол“ е подобар од Пауло Дибала, кој во дресот на Палермо во 2014 година по 11 кола имал четири постигнати гола.

Очекувано, поради одличната форма Несторовски ќе биде дел од македонската репрезентација која во ноемврискиот квалификациски термин ќе се соочи со Шпанија. Во наредното коло од калчото Палермо и нашиот напаѓач се соочуваат со екипата на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top