| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорската мафија убива во Србија: По Сале Мутавиот мета не бил српскиот премиер, туку брат му

Мотив за убиството би била одлуката на премиерот да им зададе решителен удар на криминалните кланови од Црна Гора, кои зачестија на улиците на Белград

Српската полиција смета дека цел на обидот за атентатот сепак не бил премиерот Александар Вучиќ, туку неговиот брат Андреј.

Групата која сето тоа го организирала добро знаела која е слабата точка на Александар и дека убиството на братот, за кој е многу врзан, ќе го дотолчи.

За реализација на оваа цел била ангажирана екипа од десетина криминалци кои учествувале и во убиството на навивачот на „Партизан“, Сале Мутавиот.

104445-koj-beshe-ubieniot-sale-mutavi-roden-delija-likvidiran-kako-lider-na-partizan

Мотив за убиството би била одлуката на премиерот да им зададе решителен удар на криминалните кланови од Црна Гора, кои зачестија на улиците на Белград.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, потврди дека токму Андреј требало да биде убиен во близина на семејната куќа на Вучиќ во Јајинци.

oruzje-vucic

– Сите безбедносни служби што го работеа неговиот профил можат да кажат една работа прецизно, а тоа е дека тој и неговиот брат имаа една слаба точка – тие се многу блиски, како еднојајчени близнаци, иако разликата меѓу нив е две години – откри министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top