| четврток, 6 декември 2018 |

Сакал да сече делови од жртвата и жива да ја запали – бруталниот банкар се скрши

%d0%bf%d1%81%d0%b8%d1%85%d0%be
Британскиот банкар Рурик Јутинг, на кого му се суди поради монструозно убиство на две проститутки во Хонг Конг, планирал да сече делови од телото на својата прва жртва и потоа да ја запали жива, но изгубил контрола над ситуацијата и ѝ го пресекол вратот.
%d0%bf%d1%81%d0%b8%d1%85%d0%be2

Станува збор за нов детаљ од судењето кое не престанува да ја шокира меѓународната јавност. Јутинг, 31-годишен банкар во “Мерил Линч”; влегол во спирала на дрога и алкохол, поради што целосно ја изгубил контролата над својот живот.

Бранителот Тим Овен го претставил извештајот на форензичкиот психолог Дерек Перкинс, кој разговарал со Јутинг.

Јутинг на Перкинс му признал дека имал намера подолго да ја мачи својата жртва, да ги извади очите и да ѝ сече делови од телото, а потоа да ја запали жива, но во еден момент изгубил контрола над себе.

-Сакав да престане да пати. Ѝ шепнав дека ја сакам- рекол наводно Јутинг пред да го пресече вратот на Сумарти Нингсих.

Гледал сè повеќе и повеќе насилна порнографија, додека истовремено трагал по побизарни сексуални искуства. Пред да го започне својот убиствен поход, во кој убил две проститутки, спиел со двајца трансексуалци, а потоа трагал по мажи кои би имале секс со проститутки. Трагал по црни мажи кои би имале секс со него.

-Се обидував да направам било што, само да искусам нешто ново, но секогаш останував разочаран-рекол Јутинг.

Два дена по првото убиство, ѝ го пресекол вратот на уште една проститутка, Сененг Мујиасих.

%d0%bf%d1%81%d0%b8%d1%85%d0%be3

Последниот повик пред да биде уапсен бил до неговиот шеф во “Мерил Линч”.

-Влегов во проблеми. Мораш нешто да направиш за да го заштитиш угледот на банката- му рекол.

Јутинг исчезнал од работното место во американската банка во периодот кога се случиле убиствата, а на својот мејл оставил автоматски одговор кој гласел: “Моментално не сум во канцеларија. На неопределено. За итни прашања, или било какви прашања, обратете се кај некој што не е полуден психопат”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top