Британскиот банкар Рурик Јутинг, на кого му се суди поради монструозно убиство на две проститутки во Хонг Конг, планирал да сече делови од телото на својата прва жртва и потоа да ја запали жива, но изгубил контрола над ситуацијата.
Ова се нови сознанија кои излегоа на виделина од неговото судење кое не пренстанува да ја шокира меѓународната јавност. Јутинг, 31-годишен банкар во фирмата “Merrill Lynch”, влегол во секојдневие на дрога и алкохол, поради што целосно ја изгубил контролата над својот живот.
На последното рочиште, бранителот Тим Овен го претставил извештајот на форензичкиот психолог Дерек Перкинс, кој разговарал со Јутинг. Тој признал дека имал намера подолго да ја мачи својата жртва, да ги извади очите и да и сече делови од телото, а потоа да ја запали жива, но во еден момент изгубил контрола над себе
– Сакав да престане да пати. И шепнав дека ја сакам, рекол наводно Јутинг пред да го пресече вратот на проститутката Сумарти Нингсих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пазете се од оставена жена -одбил да ја финансира, па Кристина му го „паркирала“ мерцедесот во базен
-
Банкарот надигран, конечно освоена големата сума кај Лила (видео)
-
Зоран Поповски на меѓународен фестивал во Хонг Конг
-
Банкарот кој ја разоткри финансиската мафија на илуминатите, пронајден мртов на Флорида