Здравствениот дом од Гевгелија воведе двојни екипи во делот на итната медицинска помош, изјави денеска в.д директорот Александар Атанасов.
– Со ова им излеговме во пресрет на граѓаните на општина Гевгелија кои за време на викендите и празничните денови беа принудени подолго да чекаат за добивање здравствени услуги, па оправдано бараа зголемување на медицинскиот персонал. Сега, во текот на викендите и празниците всушнот ќе дежураат две екипи од кои едната во амбулантата на Брза помош, а другата за интервенции на терен – рече Атанасов.
Директорот Атанасов појасни дека дополнителната екипа во делот на итната медицинска помош на терен е составена од млади, но веќе доволно искусни медицински лица и дека докторите се примени на работа во гевгелискиот Здравствен дом во текот на изминатата и оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот
-
Нема греење, ниту му работи светлосната сигнализација: Во Струга едно болничко возило за 60 илјади жители