Градската болница во Струга, која покрива територија од 60 илјади жители, има само едно болничко возило. Него го користат сите одделенија во болницата кои некогаш и по неколку пати во текот на еден ден имаат потреба за транспорт на пациенти до скопските клиники, јавува Алсат М.
– Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа возило. Често имаме потреба да транспортираме две или три болни лица. За помош бараме возила од здравствен дом со кој имаме договор за ова, вели Асим Муса- директор на болница Струга
За ситуацијата биде уште поалармантна, според информации на телевизијата, возилото нема греење, а не му работат ниту средствата за светлосна сигнализација. Секое одење до Скопје е приказна за себе.
– Има проблеми колата, но сигналите и другите светлосни знаци не се многу важни во случајот. Нас ни е важно да е функционално и да ги однесе пациентите до крајното место. Факт е дека не ги задоволува условите, потребите и критериумите, додава Муса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.