| четврток, 6 декември 2018 |

Диета: Како да го намалите целулитот за шест дена?

Една од главните причини зошто целулитот се таложи е внесувањето на штетни состојки кои со текот на времето се претвораат во масти и остануваат „заглавени“ во телото.

Оваа диета се држи 6 дена и се ослободува од мастите наталожени на погрешни места, бидејќи ви го чисти целото тело.

Планот на исхрана е следниов:

1 ден

Појадок: 1,5 дцл. млеко со ниска масленост или јогурт, мед, лажица овесни снегулки и круша.

Ужина: 40 г. суво овошје

Ручек: 100 г. пилешки гради, 40 г. ориз, лук, млад кромид, малку супа од зеленчуци, немасна павлака или јогурт, маслиново масло, сол и феферонки

Ужина: портокал

Вечера: 60 г. зелена салата, тврдо варено јајце, 50 г. шунка, 4 лажици сок од портокал, изрендан рен, феферонки.

2 ден

Појадок: Фрапе од 1,5 дцл. млеко и 125 г. банана

Ужина: 40 г. суво овошје

Ручек: 40 г. тестенини, 200 г. печурки, лук, 2 лажици немасна павлака или јогурт, зачини, 20 г. мелени ореви

Ужина: интегрално печиво со 30 г. безмасно сирење

Вечера: препечено интегрално лепче со свежо сирење, прелиено со 3 лажици сок од портокал, лажица оцет и феферони

3 ден

Појадок: 250 г. малини, 1,5 дцл. млеко, овесни снегулки, 2 лажици мед

Ужина: 40 г. суво овошје

Ручек: супа од зеленчук

Ужина: јаболко

Вечера: 60 г. зелена салата, 200 г. тиквички, 3 лажици сок од портокал, оцет, зачини, 3 лажици кисела павлака или јогурт и 40 г. интегрален леб

4 ден

Појадок: фрапе од 1,5 дцл. млеко и 100 г. манго

Ужина: 40 г. суво овошје

Ручек: 40 г. ориз, 2 филети риба, лажица лимонов сок, исечкан рен, малку копар, 2 дцл. супа од зеленчук, 2 лажици безмасна павлака или јогур, домат

Ужина: интегрално печиво со 20 г. шунка

Вечера: салата од шампињони и интегрално печиво

5 ден

Појадок: исечкано јаболко прелиено со сок од лимон, јогурт, лажица овесни снегулки и малку мед

Ужина: 40 г. суво овошје

Ручек: краставица и половина пиперка прелиени со сок од портокал, лажица оцет, бибер, коријандер, лук, 2 лажички соја сос, 50 г. интегрален леб и свинско филе без масло

Ужина: половина ананас

Вечера: 250g г.зелена салата, 200g моркови, 100 г. варена брокула, 2 лажици кисела павлака, лажица сок од портокал, лажица сенф, 40 г. интегрален леб и 30 г. шунка

6 ден

Појадок: киви, јогурт и лажица овесни снегулки

Ужина: 40 г. суво овошје

Ручек: 100 г. варен спанаќ со 2 варени јајца, кромид, маслиново масло и 40 г. интегрален леб

Ужина: 50 г. интегрален леб и 2 парчиња салама од мисирка

Вечера: салата од никулци од соја со пиперка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top