„Мобинг во СЈО не постои. Синдикатот е нелегитимен, а нападите се политички“, ова е ставот на специјалната Катица Јанева по реакцијата на Синдикатот за правосудни органи УПОЗ, кој на пријава од непознато лице реагираше по пријавата дека Катица Јанева врши мобинг врз некои вработени во Обвинителството.
„Значи, знаат синдикалните лидери дека Катица ги има и нивните разговори и Катица знае како, значи, тие разговараат со нивните внуци, ќерки и роднини“, изјави специјалната јавна обвинителка Јанева во врска со обвинувањата на Синдикатот дека некои од вработените во СЈО се пожалиле на мобинг од страна на шефицата.
„Значи, не може мене некој си син.. син… ди… катен лидер да ми каже, значи како јас да разговарам со мојот внук од сестра. Значи, јас Катица знам дека детето ништо не уче, дека го примевме откако дада ми јаве и ми вети дека ќе ги заврше сите испити за година дена само да поработе малу за пракса да име искуство, да не е само сировина таква теоретска. И саа ако не го искараш, како ќе уче. Ја си го сакум и коа ќе го карум, како шо си го сака тетка своето внуче!“, рече Јанева во своја одбрана во процесот отворен од Синдикатот по пријава на непознат сторител, но познат внук.
Тваесет и четири вести, Телмак, Тлусинфо и Тлибертас побараа став од експерти и од независни граѓани како тие ги коментираат бруталните неосновани напади на Синдикатот врз најнезависната, најпрофесионалната и најдобрата тетка на светот, Катица Јанева.
Еве дел од тие коментари:
„Не може да биде мобинг кога тета го кара бато“, ни изјави една млада сограѓанка која сакаше да остане анонимна. „Не можум да ви кажум како са викум оти ќе речејте дека а бранам Катица оти ми е тета“, додаде девојчето кое го сретнавме како излегува од СЈО.
„Значи како може СЈО да биде виновно кога има караница во фамилија? Зарем е мобинг кога кумот ќе се скара со кумашинот за да го натера да си ја заврши задачата“, потенцираа од невладината Транспарентност Бихаќ, алудирајќи на кумашинската поврзаност меѓу обвинителот во СЈО Гаврил Бубевски и адвокатот на Заев, Филип Медарски.
„Секој напад врз СЈО е напад врз слободата на вработување! Лицемерно е Владата да се фали со отворање нови работни места, а да се критикува намерата на СЈО да згрижи најмалку 1.000 лица“, изјавија претставници на Тшарената револуција најавувајќи протести доколку биде запрена најновата траунфилд инвестиција за вработување во СЈО на 200 нивни членови во првата фаза и уште 300 во втората фаза.
Во врска со нападите на Синдикатот се произнесоа и од независната граѓанска партија ТСДСМ од каде што на промоцијата на нивната програма наречена „11 декември е новиот 15 септември“ најавија дека како поддршка на работата на независната Јанева по 11 декември ќе вработат по еден член на секое семејство во СЈО.
Доколку случајно Јанева одбие некоја нарачка за вработување од СДСМ бидејќи предност ќе добие некој член на нејзината поширока фамилија, лидерот на ТСДСМ, Зоран Заев, вети дека никој нема да остане на улица и дека ќе го прими во партија, потсетувајќи дека Нора Шаќири, иако извисила за работа во експозитурата СЈО, веднаш добила ангажман во централата ТСДСМ.
Иако, како што додаваат доброупатени извори од партијата, Јанева не одбила ниту една нарачка на ТСДСМ досега.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.