| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица

 

Правдата мора да биде добра. Правдата не смее да биде лоша, рече министерот за правда на Романија, Тудорел Тодер на почетокот на брифингот за новинарите на кој објави дека ја започнал постапката за смена на главната обвинителка на Антикорупциска дирекција, Лаура Ковеси.

Во Романија има незадоволство од работата на Антикорупциската дирекција која е пандан на македонското СЈО. Кога Ковеси беше во Македонија домаќин и беше колешката, специјалната обвинителка Катица Јанева. Речиси истите проблеми со оваа институција се и тука и таму. Главно е што и за Ковеси се вели
дека основата на нејзината работа е за некои лица да има обвиненија по секоја цена.

– Таа има авторитарен стил на управување, како и вмешана е во истаргите, има обиди да има обвиненија по секоја цена, рече романскиот министер за правда.

Тој презентираше извештај од 36-страни за нејзините активности. Во него се вклучени, како што се вели, 20 „дела и факти“ поврзани со активностите Ковеси и сите се негативни. Некои од нив на пример се базираат на одлуките на Уставниот суд и конфликтот во врска со истите со Агенцијата. Други се засновани на медиумски извештаи и интервјуа кои Ковеси ги давала за локалните и меѓународните медиуми. Министерот вели дека таа со ова го оштетила имиџот на Романија во странство.

На крајот Тодер ги потврди резултатите на Дирекцијата во борбата против корупцијата и рече дека борбата против корупцијата треба да продолжи во Романија. Сепак, тој додаде дека оваа институција треба да продолжи да функционира законски и да не се идентификува со својот главен обвинител, чии активности „покажаа дека можат да ја загрозат самата институција со која управува“.

Tој ги сумираше своите критики за активноста на Ковеси со неколку зборови: „вишок на авторитет, дискреционо однесување, пркосење на Парламентот, оспорување на одлуките и овластувањата на Уставниот суд“.

– За активностите кои не се толерираат со принципот владеењето на правото, ја започнувам постапката за отповикување на главниот обвинител на Дирекцијата, заклучува Тодер.

Извештајот ќе биде испратен до Врховниот судски совет, единствениот кој има овластување да го смени првиот човек на Дирекцијата.

Романската специјална јавна обвинителка повикана на одговорност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top