| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева: Не е мобинг ако си го карам внучето, ја го плаќам, има да ме слуше

„Мо­бинг во СЈО не по­стои. Син­ди­ка­тот е не­ле­ги­ти­мен, а на­па­ди­те се по­ли­тич­ки“, ова е ста­вот на спе­ци­јал­на­та Ка­ти­ца Ја­не­ва по ре­ак­ци­ја­та на Син­ди­ка­тот за пра­во­суд­ни ор­га­ни УПОЗ, кој на при­ја­ва од не­поз­на­то ли­це ре­а­ги­ра­ше по при­ја­ва­та де­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва вр­ши мо­бинг врз не­кои вра­бо­те­ни во Об­ви­ни­телс­тво­то.

„Зна­чи, зна­ат син­ди­кал­ни­те ли­де­ри де­ка Ка­ти­ца ги има и нив­ни­те раз­го­во­ри и Ка­ти­ца знае ка­ко, зна­чи, тие раз­го­ва­ра­ат со нив­ни­те вну­ци, ќер­ки и род­ни­ни“, из­ја­ви спе­ци­јал­на­та јав­на об­ви­ни­тел­ка Ја­не­ва во вр­ска со об­ви­ну­ва­ња­та на Син­ди­ка­тот де­ка не­кои од вра­бо­те­ни­те во СЈО се по­жа­ли­ле на мо­бинг од стра­на на ше­фи­ца­та.

„Зна­чи, не мо­же ме­не не­кој си син.. син… ди… ка­тен ли­дер да ми ка­же, зна­чи ка­ко јас да раз­го­ва­рам со мо­јот внук од се­стра. Зна­чи, јас Ка­ти­ца знам де­ка де­те­то ни­што не уче, де­ка го при­мев­ме отка­ко да­да ми ја­ве и ми ве­ти де­ка ќе ги за­вр­ше си­те ис­пи­ти за го­ди­на де­на са­мо да по­ра­бо­те ма­лу за пра­кса да име искус­тво, да не е са­мо си­ро­ви­на та­ква те­о­рет­ска. И саа ако не го иска­раш, ка­ко ќе уче. Ја си го са­кум и коа ќе го ка­рум, ка­ко шо си го са­ка те­тка сво­е­то вну­че!“, ре­че Ја­не­ва во сво­ја од­бра­на во про­це­сот отво­рен од Син­ди­ка­тот по при­ја­ва на не­поз­нат сто­ри­тел, но поз­нат внук.

Тва­е­сет и че­ти­ри ве­сти, Тел­мак, Тлу­син­фо и Тли­бер­тас по­ба­раа став од екс­пер­ти и од не­за­вис­ни гра­ѓа­ни ка­ко тие ги ко­мен­ти­ра­ат бру­тал­ни­те не­ос­но­ва­ни на­па­ди на Син­ди­ка­тот врз нај­не­за­вис­на­та, нај­про­фе­си­о­нал­на­та и нај­до­бра­та те­тка на све­тот, Ка­ти­ца Ја­не­ва.

Еве дел од тие ко­мен­та­ри:

„Не мо­же да би­де мо­бинг ко­га те­та го ка­ра ба­то“, ни из­ја­ви ед­на мла­да со­гра­ѓан­ка ко­ја са­ка­ше да оста­не ано­ним­на. „Не мо­жум да ви ка­жум ка­ко са ви­кум оти ќе ре­чеј­те де­ка а бра­нам Ка­ти­ца оти ми е те­та“, до­да­де де­вој­че­то кое го срет­нав­ме ка­ко из­ле­гу­ва од СЈО.

„Зна­чи ка­ко мо­же СЈО да би­де ви­нов­но ко­га има ка­ра­ни­ца во фа­ми­ли­ја? За­рем е мо­бинг ко­га ку­мот ќе се ска­ра со ку­ма­ши­нот за да го на­те­ра да си ја за­вр­ши за­да­ча­та“, по­тен­ци­раа од нев­ла­ди­на­та Транс­па­рент­ност Би­хаќ, алу­ди­рај­ќи на ку­ма­шин­ска­та по­вр­за­ност ме­ѓу об­ви­ни­те­лот во СЈО Га­врил Бу­бев­ски и ад­во­ка­тот на За­ев, Фи­лип Ме­дар­ски.

„Се­кој на­пад врз СЈО е на­пад врз сло­бо­да­та на вра­бо­ту­ва­ње! Ли­це­мер­но е Вла­да­та да се фа­ли со отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста, а да се кри­ти­ку­ва на­ме­ра­та на СЈО да згри­жи нај­мал­ку 1.000 ли­ца“, из­ја­ви­ја прет­став­ни­ци на Тша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја нај­а­ву­вај­ќи про­те­сти до­кол­ку би­де за­пре­на нај­но­ва­та тра­ун­филд ин­ве­сти­ци­ја за вра­бо­ту­ва­ње во СЈО на 200 нив­ни чле­но­ви во пр­ва­та фа­за и уште 300 во вто­ра­та фа­за.

Во вр­ска со на­па­ди­те на Син­ди­ка­тот се про­из­не­соа и од не­за­вис­на­та гра­ѓан­ска пар­ти­ја ТСДСМ од ка­де што на про­мо­ци­ја­та на нив­на­та про­гра­ма на­ре­че­на „11 де­кем­ври е но­ви­от 15 сеп­тем­ври“ нај­а­ви­ја де­ка ка­ко под­др­шка на ра­бо­та­та на не­за­вис­на­та Ја­не­ва по 11 де­кем­ври ќе вра­бо­тат по еден член на се­кое се­мејс­тво во СЈО.

До­кол­ку слу­чај­но Ја­не­ва од­бие не­ко­ја на­рач­ка за вра­бо­ту­ва­ње од СДСМ би­деј­ќи пред­ност ќе до­бие не­кој член на неј­зи­на­та по­ши­ро­ка фа­ми­ли­ја, ли­де­рот на ТСДСМ, Зо­ран За­ев, ве­ти де­ка ни­кој не­ма да оста­не на ули­ца и де­ка ќе го при­ми во пар­ти­ја, по­тсе­ту­вај­ќи де­ка Но­ра Ша­ќи­ри, иа­ко из­ви­си­ла за ра­бо­та во екс­по­зи­ту­ра­та СЈО, вед­наш до­би­ла ан­гаж­ман во цен­тра­ла­та ТСДСМ.

Иа­ко, ка­ко што до­да­ва­ат до­бро­у­па­те­ни из­во­ри од пар­ти­ја­та, Ја­не­ва не од­би­ла ни­ту ед­на на­рач­ка на ТСДСМ до­се­га.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top