| четврток, 6 декември 2018 |

Непотизам и во Кривичен: Си вработувале синови и ќерки на судии и нотари

Амбасадорот на САД, Џес Бејли вчера посочи дека непотизмот во судството не може да продонесе за зголемување на довербата граѓаните во правдата. Оваа забелешка се однесуваше на непотизмот и чудниот избор на судиите во Советот за јавни обвинители, но според dosie.mk, во кривичен суд се вработени син и ќерка на активни судии.

Во Кривичен суд е вработена и снаата на поранешен судија, чиј син пак работи во  Министерство за правда. Тие двајца живеат во Куманово и секој ден патуваат во Скопје на работа. Интересна е сликата за ова семејство. Золвата е  работи во Врховен суд, а таткото на девојчето е вработен во МВР. Мајката на нововработената е началник на аналитика во МВР во Куманово.

Во Обвинителство пак вработена е ќерка на позната нотарка, а СЈО е преполно со роднини на главната обвинителка.

Во кривичен има и резервирани места за кадри Албанци, а дактилографските се унапредени во службеници, односно се искачиле пет места нагоре.

 

извор: dosie.com.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top