Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид продолжи со победите во Примера. Пред „кралевите“ овој пат паднаа фудбалерите на Алавес, кои пред домашната публика од големиот фаворит загубија со 1-3 (1-2).
Главна фигура на гостувањето во составот на Зинедин Зидан беше Кристијано Роналдо, кој стрелаше трипати и дојде до бројката од 350 гола во својата кариера, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Алваро Мората. Домаќинот храбро се бореше, но само во првото полувреме, па дури и поведе преку Дејверсон во 7 минута, но потоа како да се загуби на теренот и му дозволи на противникот да притисне и да направи пресврт.
Сепак, бодовите да заминат за Мадрид се погрижи Кристијано Роналдо, кој најпрвин погоди од пенал за 1-1, за потоа со еврогол да го доведе својот тим во водство уште во првото полувреме. Роналдо имаше шанса за хет-трик, но не реализираше пенал во вторите 45 минути, пред Алваро Мората со беспрекорен лоб-удар да ги разреши дилемите околу победникот.
Конечните 1-4 ги постави Роналдо, кој сепак успеа да го комплетира својот хет-трик по двојното додавање со Марсело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)