| четврток, 6 декември 2018 |

Отпишаните во офанзива: Падна договор за смена на Заев по изборите (ФОТО)

Незадоволството од политиките на лидерот на СДСМ Зоран Заев е во својата кулминација. Не гледаат само граѓаните што ѝ прави Заев на државата и многу поважно – што планира да направи во иднина, туку и членовите на опозицијата се незадоволни од лидерот, пишува „Журнал“.
Како што дознава „Журнал“, неодамна се одржала средба во затворен круг преку координација на незадоволни членови на опозицијата. Тие се незадоволни од тоа во каква насока оди СДСМ и во што се претвори партијата под влијание на соросовата доминација и слабиот капацитет на Заев да ја води партијата.

На средбата се кажувале шеги на смета на Заев, а паднале и предлози за тоа што ќе се прави по изборите. Присутните најмногу се смееле на предлогот на Дејан Тодоровски, советник на СДСМ, кој сметал дека Заев треба да се врати во Струмица. Игор Ивановски рекол дека нема нормален човек кој би ја одбрал СДСМ, знаејќи дека Вице-то и еден куп криминогени структури се зад Заев. Свесни се, додал тој, дека кога тогаш тие структури ќе наплатат за „лојалноста“.

Исто така шеговит бил и Јани Макрадули, кој рекол дека едвај чека Радмила Шеќеринска во знак на протест од поразот кој им следи, да не ја признае новата колекција на Шанел.

Од друга страна, Шиповиќ им бил лут, бидејќи сметал дека калкулирале со неговата судбина, додека пак, Андреј Петров по средбата се видел со Бранко Црвенковски.

Зборел дека е жално што на сите им е јасно дека СДСМ не е алтернатива за ВМРО-ДПМНЕ и дека народот не смета дека СДСМ ќе бидат подобри од ВМРО-ДПМНЕ, туку напротив. Заклучил и дека за таквиот рејтинг е крив Заев и „багажот“ кој го носи со себе но и неговото деструктивно работење со кое веќе ја преминал границата на нормалното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top