| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го преживее ли Швајни и овој удар

Германскиот фудбалер од Манчестер јунајтед Бастијан Швајнштајгер преживува тешки денови во кариерата. Тој е еден од најдобрите фудбалери на 21 век и со Баерн освои осум титули првак на Германија и Лига на шампиони, а пред две години ја понесе и титулата светски првак со Германија. Преминот во манчестер јунајтед требаше да биде продолжение на неговата супешна кариера, но за жал, е далеку од тоа,

Сопругот на Ана Ивановиќ не прикажува игра како во баварскиот клуб, а оваа сезона е во немилост на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, кој го префрли во резервниот состав, кој го сочинуваат ммци од младинските погони. Дури и на оваа фотографија го нема.

 

Постојат индиции дека Швајнштајгер ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига, но засега ништо не е сигурно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top