Македонскиот фудбалски стратег Ѓоко Хаџиевски и неговиот тим Хата се „хит“ во првенството. Клубот од Дубаи ја забележа и третата победа откако нашиот тренер го презеде кормилото, откако синоќа го совлада Емирати со 2-1. По ова Хата има 10 бода, се искачи на шестата позиција на табелата, со само три бода заостанување зад славните и многу побогати клубови Ал Џазира и Ал Шабаб, кои се на водечките две места.
И медиумите го одбележуваат значајниот напредок во тимот на Хата, истакнувајќи дека играат како препородени по доаѓањето на новиот тренер.
– Подобар старт не можевме да посакаме. Три победи откако дојдов на клупата на Хата. Но, и јас и тимот чувствуваме дека можеме уште подобро. Годат и насловите во весниците. Еден од нив вели „Хаџиевски ги направи сите во Хата среќни“. И навистина е убаво да се гледаат насмеани лица, кога се победува – вели од Дубаи, Ѓоко Хаџиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.