Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев ќе присуствува на свечената седница по повод 60-годишниот јубилеј на Сојузот на сметководители на Република Македонија и Заедницата на општински здруженија на сметководители на град Скопје.
По повод јубилејот свои обраќања ќе имаат и претседателката на Извршниот одбор на Сојузот на сметководители на Република Македонија Ленче Папазовска, министерот за финансии Кирил Миноски, директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.
Настанот ќе се одржи во хотел Континентал, од 17.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.