| четврток, 6 декември 2018 |

60 години Сојуз на сметководители на Македонија

Сојузот на сметководители на Република Македонија и Заедницата на општинските здруженија на сметководителите на град Скопје денеска свечено одбележуваат 60 години постоење.

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев ќе присуствува на свечената седница по повод 60-годишниот јубилеј на Сојузот на сметководители на Република Македонија и Заедницата на општински здруженија на сметководители на град Скопје.

По повод јубилејот свои обраќања ќе имаат и претседателката на Извршниот одбор на Сојузот на сметководители на Република Македонија Ленче Папазовска, министерот за финансии Кирил Миноски, директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Настанот ќе се одржи во хотел Континентал, од 17.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top