| четврток, 6 декември 2018 |

  50 Години Фолклорен ансамбл ,,Китка“, Ораовица

Јубилеј од 50 години ќе прослави КУД „Китка“ од с. Ораовица, во Домот на културата во Радовиш. Пет децении значат, многу настапи во и надвор од земјава, претставување на Македонија во светот, негување на фолклорот, награди  и пренесување на културното наследство на помладите генерации. За  „Китка“ настапувале повеќе од 1000 играорци.

Културно-уметничкото друштво има свој богат историски развој. Во далечната 1968 година група ентузијасти од село Ораовица, понесени од желбата да го прикажат изворното творештво (игри,песни обичаи и др.) дошле на идеа да формират играорна група ,,Ораовица“, а раководител бил  Ѓорги Крстев (Васков Ѓорги). На почетокот репортоарот го креирале членовите на групата. Први кореографи се споменуваат Ѓоргиева Анетка,Томов Марко, Илиев Ѓорги (Ѓоката), додека музичари кои ја придружувале групата во почетокот биле Никола Петров, Ѓоргиев Ѓорги, Захарие Пецев, Симеон Христов (џуџако), Ристов Глигор (Гико) и Стефанов Петре.

Во 1972 година до 1974 година со групата   раководи Димитров Спасо,  а од 1974 година до 1977 година, Стоилов Јован.

Во 1978 година за раководител е назначен Васил Василев и „Ораовица“ се преименува во КУД ,,Трајко Јованов“. Во 1984 година КУД ,,Трајко Јованов“ се преименува во Ф.А. ,,Китка“. Васил Василев со ансамблот раководи се до 2007 година, кога за раководител на ансамблот е избран Димче Петров.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top