Центарот Фени Индустри и репрезентативец на Македонија, Кире Николовски, сосема заслужено е прогласен за МВП на третото коло од регионалната БИБЛ-лига.
Корпулентниот центар одигра 39 минути на дуелот против Трепча и даде голем удел во победата на својот тим. Со дабл-дабл учинок од 22 поени и 12 скока Николовски беше најдобар во таборот на Фени, што му донесе 32 индекс-поени и лидерство во најдобриот тим. Николовски го заврши мечот против Трепча со ефикасност 7/11 за два, 1/2 за три, како и 5/6 од линијата за слободни фрлања.
Покрај МВП на колото, Николовски се најде и на лидерската позиција на листата на најдобри скокачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.