Нови осум спортисти се најдоа на листата на спортисти на кои им се одземени освоените медали на Олимписките игри, соопшто денеска Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК). Поради скандалот со системскиот допинг во Русија, ИОК одлучи одново да тестира стари примероци поради што голем број на спортисти ги загубија своите признанија кои ги освоиле на спортскиот спектакл користејќи недозволени средства.
Меѓу нив сега се Маја Манеза и Светлана Подобедова кои имаат освено златни медали во кревање товар на ОИ во Лондон 2012 година. Покрај нив бронзениот медал во истата дисциплина ќе го загуби и Марина Шкерманкова како и Зулфија Чиншанло, Џина Сазанавец и Јаухени Жарнесек. Димитри Стародубцев и Кирил Икоников се двете најнови имиња на оваа листа.
ИОК користеше нови методи на проверка на примероците кои не биле спроведени во 2012 година поради што и Бесник Кудухов требаше да го загуби сребрениот медал освоен во борење до 60 килограми. Година по освојување на медалот, Кудухов загина во сообраќајна несреќа поради што постапката против него е прекината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.