| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата од свадба открива дали бракот е осуден на пропаст?

Фотографите се оние кои го поминуваат целиот ден со младоженците за време на свадбата. Тие успеваат да забележат многу работи поврзани со однесувањето на партнерите. Професионалците помеѓу нив, со тек на време успеваат да ги анализираат младенците дознавајќи дали тие се создадени еден за друг или бракот им е осуден на пропаст.

Некои дури одат дотаму што велат дека квалитетот на брачниот живот можат да го проценат уште со сечењето на свадбената торта. По ова прашање се разгоре дебата на социјалната мрежа Reddit откако извесен фотограф тврдел дека има способност да ги процени паровите кои ги фотографира на нивните свадби. Друг фотограф споделил искуство од свадба каде младоженецот отишол до олтарот со својот мобилен телефон во раката и дека поради тоа невестата не изгледала особено среќна. Понатаму, се вели дека начинот на кој младенците се однесуваат со гостите може да каже многу во врска со тоа дали нивната љубов е навистина искрена.

Особено интересен е заклучокот на друг фотограф, кој вели дека доколку при сечењето на свадбената торта, едниот сопружник го намачка вториот со шлагот, а потоа следува одмазда, нивната љубов е осудена на пропаст бидејќи помеѓу нив владее ривалство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top