Младиот манекен и бодибилдер Џордан Гратвик од Англија починал од предозирање со екстази во раскошната вила на неговите родители, откако во неа повикал млад пар за да ги гледа додека водат љубов, покажала истрагата за неговата смрт. 26-годишниот Џордан добил напад, паднал на земјата по што почнала пена да му излегува од устата пред срцето да му откаже.
Тој ги запознал Лаима Синк и Брендон Херси во ноќен клуб, по што ги повикал кај него, пишува британски Делји Мејл. Тројката диското го напуштила со такси возило, покажала истрагата, а парот во својот исказ за полицијата потврдил дека Џордан ги повикал кај него за да ги гледа додека водат љубов.
– Рече дека само сака да гледа и ништо повеќе, изјавила девојката.
Сепак, во текот на вечерта дошло до тензична ситуација по што започнала расправија, а во тие моменти Џордан паднал на под и изгубил свест.
– Гледаше во мене и не реагираше на прашањата. Почна да му излегува пена од устата и почна да се тресе. Имаше некаков напад, опишал Херси.
Потоа тие почнале да викаат за помош по што се појавил таткото на Џордан кој повикал Итна помош, кои за жал не можеле ништо да направат. Обдукцијата покажала дека тој имал многу висока концентрација на МДМА во својата крв што веројатно го предизвикало труењето.
Девојката на Џордан за полицијата изјавила дека тој користел и разни стероиди, а кратко пред неговата смрт се јавил кај доктор за проблеми со бубрезите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.