| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува со мозокот кога постојано лажете?

Едно ново истражување покажало дека малите лаги можат постепено да доведат со нови, големи лаги.

– Кога лажеме за корист, нашата амигдала произведува негативно чувство кое го ограничува опсегот во кој сме подготвени да лажеме – објаснува главниот автор на студијата д-р Тали Шарот, од Универзитетот во Лондон за експериментална психологија.

Понатаму тој објаснува.

– Но, таа реакција е се послаба кога се повеќе лажеме и колку што е таа послаба, нашите лаги се се поголеми. Тоа може да доведе до ’лизгав терен’ каде што малите лаги ескалираат во се позначајни лаги – вели тој.

Во истражувањето учестувале 80 доброволци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top