| четврток, 6 декември 2018 |

Зубизарета ќе се обиде да го врати Олимпик Марсеј на старите патеки

andoni-zubizareta

Поранешниот прославен шпански голман Андони Зубизарета ќе биде нов спортски директор на францускиот клуб Олимпик Марсеј. Тој во наредните три сезони ќе ја извршува оваа функција и ќе има задача да создаде респектабилен тим кој ќе му биде конкурент на Пари Сен Жермен, но и ќе се обиде да го врати овој клуб на некогашните патеки на европската сцена.

Олимпик Марсеј има нов американски сопственик, кој ќе вложи повеќе од 200 милиони евра за сезоната 2017/18, а токму Зубизарета, заедно со новоименуваниот тренер Руди Гарсија треба да го состават новиот тим.

Зубизарета има големо искуство на оваа функција, со оглед дека беше спортски директор на Атлетик Билбао од 2001 до 2004 година, а од 2010 до 2015 година беше директор за спортски операции во Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top