Италијанскиот калчолигаш Палермо по петти пат го смени тренерот оваа сезона. По очајното издание на дуелот со Милан и поразот од 4-0, оставка понудил спортскиот директор Никола Салерно, а сменет е и шефот на стручниот штаб, Диего Лопез. Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски повторно ќе се соочат со промени во клубот.
– Не можевме да не реагираме по последните порази. Спортскиот директор Салерно ја понуди својата оставка и истата беше прифатена. Си заминува и тренерот Диего Лопез, а сега се насочуваме кон нашата младинска школа и шанса да го води сениорскиот тим ќе добие Диего Бертолуци, тренер од академијата. Тој своевремено беше асистент Франческо Гвидолин и добро ја познава работата во клубот – изјави претседателот на Палермо, Пол Бакалини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Три позитивни промени што ќе ги почувствувате кога ќе престанете да јадете бел леб барем еден месец
-
Климата на Земјата би можела да излезе од контрола
-
Следете во живо: Обраќање на претседателот Иванов (Видео)