Поранешниот тренер на Интер и Манчестер Сити, Роберто Манчини даде интересна изјава во врска со Марио Балотели, за кого вели дека е идиот, бидејќи не го искористил талентот до максимум.
– Марио беше многу млад кога дебитираше во Серија А. Тој имаше голем талент и се зборуваше дека ќе има светла иднина. Меѓутоа како млад човек правеше многу апсурдни нешта. Како фудбалер беше феноменален, но неговиот карактер не му дозволи да го постигне максималниот потенцијал и за тоа е идиот. Не ги искористи благодетите кои ги поседува од самото раѓање. Гледам дека има добар старт во Франција, во екипата на Ница. Се надевам дека ќе ја врати старата форма и повторно ќе застане на цврсти нозе. Тој има неверојатни квалитети и мислам дека допрва може да ги докаже истите – вели 51-годишниот Италијанец.
Како тренер, Манчини ги има предводено Лацио, Фиорентина, Интер, Манчестер Сити и Галатасарај, а последните шпекулации го поврзуваат со екипата на Нотс Каунти од Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.