Алесандро Флоренци доживеа тешка повреда на синоќешниот меч помеѓу Рома и Сасуоло на кој „волчицата“ славеше со конечни 1-3. Младиот фудбалер се повреди во второто полувреме и мораше да го напушти теренот на носилки.
„Во текот на ноќта на Флоренци му беа извршени медицински прегледи кои покажаа дека ги скина вкрстените лигаменти на коленото. Операцијата му е закажана за в четврток“– стои во соопшетнието на клубот.
Повредата не е нималку наивна, а по операцијата на младиот фудбалер ќе му претстои долга рехабилитација, па тој ќе мора да замине на принуден одмор до шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.