| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Томе Маневски во Музеј на Град Скопје

Музеот на Град Скопје во среда (26 октомври) во 19.30 часот организира изложба со наслов „Организми“ на Томе Маневски. На изложбата авторот Томе Манески ќе презентира над 25 дела од циклусот Организми, работени последните години.

-Среќавајќи се секојдневно со вести за големи нарушувања на природните богатства, од флората и фауната во нашата земја и пошироко ми се наметна сама по себе идејата за нивно претставување преку ликовни содржини во сите форми на нејзиното опстојување. Честопати сме сведоци на деградација на одредени видови на организми и живи сустества, сакајќи да обезбедиме што подобра егзистенција на нашиот вид. Во овој циклус на слики се обидов на ликовен начин да претставам некои мои согледувања за организмите и суштествата кои секојдневно ги деградираме, свесно или несвесно. На сликите се претставени одредени форми- асоцијации на живи организми во нивниот развој, раѓање, раст и деструкција. Во сликањето се користени класични сликарски техники: масло на платно и акрил на платно. Поедини елементи на сликите се разработени со пастуозен нанос на боја заради потенциранње на одредени детали,  како и структура на материјата што сакав да ја потенцирам. Во суштина тоа се имагинарни претстави на жива материја сместена во еден надреален амбиент, збогатен со свеж колорит на бои. Целта на овој циклус е да се поттикне младата популација да размислува за истражување на природата воопшто и секако заштита на видовите кои се пред исчезнување, како и на сите живи организми на нашава планета. Се надевам дека ова ке биде еден мал допринос кон поттикнување за заштита на природниот свет кај нас,  па и во поширокиот регион, вели Маневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top