Денешниот пораз на Интер од Аталанта ја направи ситуацијата на Франк де Бур уште покомплицирана, па во италијанскиот медиуми почнаа да се шират информациите дека холандскиот стручњак ќе биде отпуштен уште пред следниот натпревар.
„Калчомеркато“ тврди дека раководството на Интер уште вечерва на релација Италија-Кина разговара за отпуштање на Де Бур, со што тренерот не би добил можност да го води тимот и на натпреварот против Торино кој се игра в среда, а дури и позитивен резултат тешко би ја спасил неговата позиција.
Ерик Тохир и Мајкл Болингброк биле за останување на Холанѓанецот, додека спортскиот директор Пјеро Аусилио и кинеските инвеститори заговараат експресен отказ и барање ново решение.
Како имиња кои се споменуваат за наследник на Де Бур се Лоран Блан, Леонардо и Стефано Пиоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.