Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја запишаа првата победа во шестиот настап во Регионалната АБА лига, откако во СЦ „Јане Сандански“ славеа над вториот македонски претставник, екипата на Карпош соколи, со 74:71. Избраниците на Александар Јончевски успеаја да се вратат во натпреварот по убедливата негатива од минус 17 и на крајот да слават во првото македонско дерби од Јадранската лига.
Најефикасен кај „металците“ беше Клоф со 14 коша, додека на спротивната страна најпрецизен беше Пери со 22 поени, од кои 12 ги постигна во првата четвртина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.