| четврток, 6 декември 2018 |

Повлечен кандидат за министер поради „невнимателно однесување“ на Фејсбук

Христијанско демократската партија (ЦДУ), на германската канцеларка Ангела Меркел, го повлече својот кандидат за министер во една сојузна држава откако тој наводно ставил „ми се допаѓа“ на Фејсбук страницата на една антиимиграциска партија.

ЦДУ планирала нивниот член и државен обвинител Саша От да биде именуван за нов министер за правда во Владата на сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија.

Регионалниот лидер на ЦДУ, Лоренц Кафијер денеска објави дека От е заменет со друг кандидат „поради своето невнимателно однесување на социјалните мрежи“.

Дневниот весник „Шверинер Фолксцајтунг“ објави дека От ставил „ми се допаѓа“ на фејсбук страницата на националистичката партија Алтернатива за Германија, која е против политиката на „отворени врати“ кон бегалците и остро ја критикува Меркел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top