| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните знаат кои се оние кои ги решаваат нивните проблеми

За самостојноста и независноста на Македонија и во Македонија одлучуваат македонските граѓани. Тие се врвниот арбитер на сето она  што се случува во Македонија – изјави денеска од Лозово Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пораката е јасна и Лозово и овој дел на Македонија, но и сите градови и општини и села во Македонија ќе порачаат на кои му ја даваат поддршката, а на кои не му ја даваат поддршката, кои ја заслужува поддршката, а кој заслужува едноставно да биде испаднат од она што се нарекува политика и водење на политиката, на продавање, на националните интереси и виткање на кичмата на македонската држава. Тука сме исто така да порачаме Македонија има иднина, Македонија едноставно сака да се развива, Македонија сака да дава повеќе можности на граѓаните на Македонија, а не за нивната деструкција – истакна Ѓорчев.

vlatko-gjorcev-2-640x361

Тој додаде дека граѓаните кои ги посетуваат порачуваат дека ова е битка за Македонија  и дека народот во оваа битка за Македонија ќе порача силно дека е на страната на македонската држава и на страната на македонската државност.

-Овој народ ќе порача дека за Македонија клучните работи се одлучуваат тука во Македонија и дека овој народ сака да излезе да гласа, дека никој нема да го спречи да излезе да гласа и никој не може да му каже како треба да гласа. Граѓаните чувствуваат, граѓаните знаат, кој е оној кој се бори за нив, кој е оној кој ги решава нивните проблеми, а кој е оној кој ги руши и оној кој што создава проблеми. Две години буквално ги молиме, ги тераме да излезат на избори сега веќе немаат никаков изговор, немаа ни претходно, па еднаш ги одложија изборите, втор пат ги одложија трет пат нема, кога тогаш мора да се соочат со народот, кога тогаш мора да поднесат сметка за се она што и го направија на македонскиот народ, за фабриките што ги затворија кога беа на власт, за пензиите кои што ги скратија, за субвенциите што не ги плаќаа, за училиштата што ги запустија и за цели региони во Република Македонија каде што не отворија ниту едно работно место. Избори мора да има и ќе има на 11 декември и Македонија ќе гласа, ќе гласа и Лозово и Свети Николе, ќе гласа и Велес и Јагуновце и Тетово и Гостивар и Маврово и Ростуше ќе гласа и цела Македонија, потенцираше Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top