
Маргарет Боемер од Тексас била бремена само 13 недели кога дознала дека нејзиното бебе има огромен тумор на рамото. Иако тоа и била трета бременост, Маргарет не сакала да ја прекине и покрај предупредувањето на лекарите дека туморот може да го убие плодот во нејзината утроба.
За жал, прогнозите на лекарите почнале да стануваат вистина. Како што растел плодот, растел и туморот. Бебето било загрозено и останувало без доток на крв, бидејќи туморот се борел да земе се. Кога Маргарет влегла во 23 недела од бременоста, на бебето почнало да му откажува срцето. Сите мислеле дека нема спас.
Тогаш се случило вистинско чудо. Се собрал тим лекари кој решил да го отвори стомакот на Маргарета, да го извадат бебето надвор, да го отстранат туморот, а потоа да го вратат во стомакот, како би дотуркало до терминот за раѓање. Иако операцијата била ризична, храбрата мајка сакала да и пружи можност на ќерка и да живее.
Операцијата траела полни пет часа. Лекарите успеале да отстранат дел од туморот кој го загрозувал животот на бебето, по што го вратиле во стомакот на мајка му. Маргарет сериозно ги сфатила лекарите и после операција се придржувала до се што и рекле. Упорна и храбра, стигнала до 36 недела од бременост, кога повторно ја внеле во операциона сала, овојпат да ја породат.

Маргарет на 6 јуни годинава стана мајка на прекрасно девојче Лин. Иако девојчето било ситно, имало само 2,5 килогрми, со бебето се било во ред.Неколку дена по раѓањето лекарите повторно ја оперирале, како би ги отстраниле туморите до кои не можеле да дојдат за време на првата операција. После неколку седмици, бебето е пуштено дома каде ужива во вниманието и љубовта на своите родители и сестрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Конечно откриено: Еве како туморот со толкава брзина се шири низ човековото тело


