| четврток, 6 декември 2018 |

Червар го објави поширокиот список на репрезентативци на кои ќе смета во квалификациите за ЕП

makedonska reprezentacija rakomet

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави списокот на ракометари за натпреварите против Украина и Чешка во рамки на Квалификациите за ЕП Хрватска 2018.

Меѓу повиканите на првиот собир го нема голманот на Бенфика, Никола Митревски, а вистинско изненадување е повикот за Ристо Арнаудовски, 35-годишниот лев бек од австриски Ферлах. Во составот очекувано се најде младата „тајфа“ на Металург која предводена од Филип Талески прикажа одлични партии во ЛШ и СЕХА-лигата, а тука се уште и Мартин Поповски од Вардар јуниор, Иван Тасевски и Кирил Колев од Пелистер, Филип Чурлевски од Еурофарм…

spisok

Натпреварот против Украина ќе се одигра во „ВИП Арената“ при СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, на 2. ноември со почеток од 18:30 часот, додека на 5 ноември нашите ракометари гостуваат кај селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top